Концепти

Aston Martin подготвува автомобил без кров и прозорци

5. март 2020 - 13:25 | М.С.

Новиот модел на Aston Martin ќе се продава за вртоглави 950.000 долари.

Инженерите и дизајнерите на Aston Martin го дизајнираа фантастичниот V12 Speedster кој воодушевува со неговиот дизајн, а во последните 12 месеци напорно работат на новиот модел по примерот на McLaren.

McLaren, за моделот без прозорци и кров понуди опција за ветробранско стакло, но новиот V12 Speedster нема да понуди такво нешто.

Како што е познато досега, оваа „ѕверка“ без кров и прозорци ќе ја придвижува 5.2-литарски V12 мотор и ќе произведува околу 700 коњски сили, а максималниот вртежен момент ќе изнесува 753 Nm.

За пренос на силата ќе се користи осумстепен автоматски менувач.

V12 Speedster од 0 до 100 км/ч стигнува за 3,5 секунди и развива ограничени 300 км/ч.

Првите испораки до купувачите пристигнуваат во првиот квартал од наредната година.

Коментирај