Астон Мартин со Honda од 2026 година

Ф1
Макфакс
/ 24.05.2023 / 15:02

Ф1 тимот Астон Мартин и јапонскиот производител на автомобили Honda, ќе започнат соработка од 2026 година. Honda ќе го снабдува со мотори Астон Мартин, кога ќе стапат на сила новите прописи во шампионатот во Формула 1. Јапонската компанија наведува дека една од главните причини за соработката со Астон Мартин е тоа што Формула 1 се движи кон јаглеродна неутралност.

Honda официјално ја напушти Формула 1 во 2021 година, но има договор за техничка соработка за развој на мотори со Ред Бул и Алфа Таури до 2025 година.

Ред Бул ќе соработува со американскиот производител Ford од 2026 година.

Од таа сезона, моторите, кои се хибридни од 2014 година, ќе доживеат значително зголемување на употребата на електрична енергија и ќе користат 100% одржливо гориво.

Покрај Honda и Ford, во Формула 1 од 2026 година ќе влезе и германскиот гигант Audi кој ќе соработува со тимот на Заубер (моментално познат како Алфа Ромео).

Ферари, Мерцедес и Рено, моментално три од четирите производители на мотори присутни во шампионатот, ќе се натпреваруваат и во 2026 година.

За Астон Мартин оваа сезона возат Шпанецот Фернандо Алонсо и Канаѓанецот Ленс Строл.

Астон Мартин, кој по пет трки е на второто место во конструкторскиот шампионат зад доминантниот Ред Бул, моментално работи со Mercedes.

реклама

Направете брз тест со ладна вода и дознајте дали имате здраво срце

Read more

Неделен хороскоп од 29 мај до 4 јуни: Што ви предвидуваат ѕвездите?

Read more

Сирена – секс поза што прави чуда за мажите со мал пенис

Read more

По три месеци - ниту трага, ниту глас од внукот на Љубе Бошкоски

Read more

Ф1

Мерцедес во Монако покажа радикално дограден F1 W14

Read more

Астон Мартин со Honda од 2026 година

Read more

Возачите на Формула 1 трепкаат на истите „безбедни“ места на патеките

Read more

Ферари му нуди 40 милиони фунти на Хамилтон

Read more
 

Спорт

Официјално: Почетино е новиот менаџер на Челси

Читај повеќе

Во Англија не го сакаат, но: Калчо гигантите се тепаат за Мегваер

Читај повеќе

Ѓоковиќ напиша на камерата: Косово е срцето на Србија. Стоп за насилството

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓоковиќ успешно стартуваше на Ролан Гарос

Читај повеќе

Пиоли: Милан мора да се засили за да биде конкурентен

Читај повеќе

Го нема Лева - нема голови: Никој не постигна ни 20 гола во Бундеслигата

Читај повеќе
  • play_arrow

7 најлоши фудбалски позајмици на сите времиња

Читај повеќе

Голманот на ПСЖ приклучен на апарати откако падна од коњ

Читај повеќе

Додека ПСЖ славеше титула, Нејмар играше покер  - пријавил дека е повреден

Читај повеќе