Среќните посетители на познатата британска кружна стаза имаа можност да го видат и слушнат долго очекуваниот наследник на моделот P1 на Aston Martin.
Aston Martin го покажа најновото хибридно „чудовиште“ пред две години, кога многумина мислеа дека футуристичкиот концепт ќе остане само на тоа – концепт.
Две години подоцна Aston Martin Valkyrie се покажа во целиот свој раскош на стазата Silverstone, а очевидците велат дека има сѐ што очекувале „и повеќе!“
Моделот со централно поставен атмосферски V12 мотор и 11.000 вртежи во минута, во комбинација со електромоторите развива моќност до 1.176 коњски сили.
Проектот на Aston Martin и Red Bull Racing ќе биде најбрзиот автомобил што ќе може да се вози на јавни патишта.
Планираната продукција изнесува само 150 примероци што одамна се распродадени.
Од Aston Martin велат дека може да распродадат уште шест пати повеќе, иако за беспрекорниот Valkyrie треба да се издвојат 3,2 милиони долари.