AstraZeneca: ЕУ го загуби правниот спор

Фармацевтската компанија AstraZeneca соопшти денеска дека ЕУ го загубила правниот спор, покренат против оваа компанија поради доцнење во производството и испорака на вакцини против COVID-19.

Во соопштението на компанијата се наведува дека Европската комисија побарала од AstraZeneca да испорача 120 милиони дози вакцини до крајот на јуни 2021 година, но судот во Брисел наложил испорака на 80,2 милиони дози до 27 септември 2021 година.

Со тоа, како што е соопштено, е одбиено барањето на ЕУ за испорака на дополнително количество вакцини до крајот на овој месец.

Британско-шведската компанија претходно се обврза со договор дека ќе направи се што може до крајот на јуни да испорача 300 милиони дози за земјите од ЕУ, но проблемите со производството доведоа до тоа компанијата да ја намали својата цел на 100 милиони вакцини.

Намалувањето на испораката го одложи процесот на вакцинирање во Унијата во првиот квартал од годинава, бидејќи европскиот блок тогаш сметаше на AstraZeneca како на најголем снабдувач со вакцини.

Компанијата изрази надеж во одновување на соработката со ЕК во борбата против пандемијата во Европа. 

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Свет

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Read more

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Read more

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Read more
 

Вести

  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Читај повеќе