AstraZeneca скрила 30 милиони дози вакцини во Италија

Италијанските власти, во рамките на истрага што ја покрена Европската комисија, во италијанската фабрика Catalent Anagni открија огромна количина дози на вакцината AstraZeneca, информира весникот La Stampa додавајќи дека вакцините биле подготвени за транспорт до Обединетото Кралство.

Во Италија, значи, постои вакцина за која се борат ЕУ и Обединетото Кралство, коментира весникот. Оваа количина вакцини е исклучително важна и за ЕУ и за Обединетото Кралство. Што се однесува до Европската Унија, ова е двојно повеќе отколку што цела Европска Унија досега има добиено од AstraZeneca, додека за Британците тоа значи гаранција дека скоро 15 милиони граѓани ќе добијат втора доза од вакцината.

Според Irish Times, се работи за вакцини произведени во холандска фабрика кои завршиле во Италија.

– AstraZeneca има договор и со Европската Унија и со Обединетото Кралство, па прашање е кого ќе испочитува со овие дози, коментира весникот.

Како што наведува Irish Times, меѓу Брисел и Лондон имало многу телефонски повици за судбината на тие дози. Во исто време, Европската Унија изработува предлози за засилување на контролата врз извозот на вакцини, во обид да се присили AstraZeneca да испорача повеќе вакцини на Унијата.

– Очекувавме испораки во стотици милиони, а не добиваме ниту четвртина, рече Сандра Галина, главниот преговарач на Комисијата за вакцини.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Свет

Зеленски: Едвај се држиме, без помош ќе изгубиме

Read more

Со што Иран го гаѓаше Израел: Снимка од монструозна ракета извлечена од Мртвото Море

Read more

Украинците објавија снимка: Вака изгледа град под руски напад

Read more

Макрон откри: Во случај на терористичка закана, имаме резервни планови за отворање на ЛОИ

Read more
 

Вести

Ванковска: Без директно соочување на противкандидатите мислам дека сите ќе бидеме посрамени

Читај повеќе

Уапсен 26-годишник, се обидел да силува 68-годишна жена

Читај повеќе

Зеленски: Едвај се држиме, без помош ќе изгубиме

Читај повеќе
  • play_arrow

Со што Иран го гаѓаше Израел: Снимка од монструозна ракета извлечена од Мртвото Море

Читај повеќе

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Читај повеќе
  • filter

Промовирана Мојот сон во родната Крива Паланка, на Саем на книга ќе ја продава Топер

Читај повеќе

Меџити на средба со уметниците кај скопскиот Аквадукт

Читај повеќе

Малолетник од Тетово украл возило, бегајќи оштетил друго возило

Читај повеќе

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Читај повеќе