По 160 дена минати во вселената

Астронаутите успешно се вратија на Земјата во летало на SpaceX

Четворица астронаути, тројца Американци и Јапонец, вчера ја напуштија Меѓународната вселенска станица во капсула на SpaceX и успешно се вратија на Земјата.

Тие минаа 160 дена во вселената, а вчера наутро слетаа во Мексиканскиот Залив во капсула на SpaceX.

Американците Мајкл Хопкинс, Виктор Гловер, Шенон Вокер и Јапонецот Соичи Ногучи од ноември, 2020 година престојуваа на Меѓународната вселенска станица со што поставија рекорд на најдолго престојување во вселената како екипаж лансиран со американско вселенско летало.

Тие се првите астронаути кои како дел од оперативната мисија на Станицата беа превезени од SpaceX на Илон Маск.

Капсулата Crew Dragon се одвои од Станицата според планираното, а патувањето кон Земјата траеше скоро 7 часа. Четворицата астронаути слетаа во Мексиканскиот Залив во неделата наутро, капсулата падна во море во близина на градот Панама, Флорида користејќи специјални падобрани за ублажување на падот.

Безбедното враќање на астронаутите означи крај на важна мисија за НАСА и SpaceX. Астронаутите беа на истиот брод Dragon, наречен Resilience, којшто ги лансираше во орбитата и којшто SpaceX по поправката планира да го користи и во други мисии.

Remote video URL
реклама

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе