Наука

Астронаутките Коч и Мер повеќе од 7 часа работеа во вселената

19. октомври 2019 - 12:30 | М.С.

Американските астронаутки Кристина Коч и Џесика Мер влегоа во историјата како учеснички во првата целосно женска вселенска прошетка во која ќе излезат од Меѓународната вселенска станица.

Тие поминаа седум часа надвор од Меѓународната вселенска станица, за да ја заменат батеријата во која се складира електричната енергија во соларните панели со кои ISS се напојува со електрична енергија.

Прошетката ја започнаа во 13:48 часот по средноевропско време. Батеријата на која работеа се расипа минатата недела. Системот беше тестиран веднаш, при што се утврди дека задачата ја направија успешно.

Кристина Коч излезе прва, движејќи се полека во нејзиното огромно бело одело, поврзана со кабел за станицата која се движи со брзина од 8 километри во секунда околу Земјата, 415 км. над океанот.

Ова е осма прошетка во вселената за оваа година.

Со овој успех, Коч влезе во историјата за најдолго престојување во вселената.

Коментирај