Астрономи пронајдоа нова црна дупка најблиска до Земјата

Астрономи открија нова црна дупка во наша непосредна близина и велат дека се наоѓа на оддалеченост дупло помала отколку што тоа беше случај со дупката која досега го држеше рекордот.

Астрофизичарот Карим Ел-Бадри од Центарот за астрофизика во Масачусетс објаснува дека сите црни дупки својот живот го почнуваат како големи ѕвезди со маса која е отприлика 5 до 10 пати поголема од онаа на нашето Сонце. Меѓутоа, како што се приближуваат кон својот крај, во своето јадро ги привлекуваат сите тешки елементи - како силициум или магнезиум. Тоа доведува до производство на железо во нејзината внетрешност и насилно самоуништување.

По експлозијата нејзиното јадро пропаѓа и таа почнува да ја вшмукува целата околна материја. Кога ќе помине одредена граница која се нарекува хоризонт на случувањата, ништо - дури ни светлината - не може да ѝ побегне на гравитациската привлечност на новата црна дупка. За да откријат слични процеси во вселената истражувачите од Институтот „Макс Планк“ за потребите на нивната најнова студија собрале податоци добиени од вселенското летало Gaia кое ги мапирало положбите и движењата на околу 2 милијарди ѕвезди во внатрешноста на Млечниот Пат.

URL

Со анализа на податоците астрономите пронашле една ѕвезда за која се посомневале дека е нестабилна, што најверојатно претставува последица на невидлива црна дупка. За да ги потврдат своите сомнежи, одлучиле да ја набљудуваат со помош на земјините телескопи во Чиле и на Хаваи и да проверат дали во нејзината близина се гледа темна материја опкружена со прстен од нејасна и искривена светлина.

URL

„Нашите опсервации сугерираат дека сме откриле бинарен систем кој содржи нормална ѕвезда и најмалку една успиена црна дупка“, вели Ел-Бадри. Додаде дека системот по име Gaia BH1 е сместен во соѕвездието Змијоносец на оддалеченост од 1.566 светлосни години, интересен и по фактот што неговата црна дупка најверојатно настанала од ѕвезда 20 пати помасивна од нашето Сонце - која не го проголтала својот ѕвезден пратител. Останува во иднина да се утврди како е тоа можно.

Трудот е објавен во списанието Monthly Notices of the Royal Astronomical Society.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе