Астрономите најверојатно за првпат открија планета надвор од нашата галаксија

Астрономите дојдоа до податоци кои сугерираат дека за првпат во историјата е откриена планета надвор од нашата галаксија, пренесува BBC News.

Досега се откриени околу 5.000 егзопланети или планети кои орбитираат околу ѕвездите, но сите се откриени во нашата галаксија – Млечниот Пат.

Но, се чини дека телескопот Chandra на НАСА открил планета со големина на Сатурн во галаксијата Messier 51, која е оддалечена околу 28 милиони светлосни години од нашата галаксија. Светлосна година е, инаку, растојанието што светлината го поминува за една година. Светлината патува во вакуум со брзина од 300.000 километри во секунда.

Како се открива егзопланета во друга галаксија?

Овој резултат се заснова на мерењето на транзитот. Имено, со поминувањето на планетата пред некоја ѕвезда, се блокира дел од светлината на таа ѕвезда, па телескопот може да сними карактеристичен пад на количината на светлина што доаѓа од таа ѕвезда.

Со оваа техника досега се откриени илјадници егзопланети, но како што веќе кажавме, само во нашата галаксија.

Др. Розана Ди Стефано и нејзините колеги го измериле падот на количината на рендгенски зраци кои доаѓаат од правец на ѕвезда која припаѓа на т.н. X-ray bright binary класа или ѕвездени системи со две ѕвезди кои емитуваат рендгенски зраци.

Таквите објекти обично се состојат од неутронска ѕвезда или црна дупка која привлекува гас од блиската ѕвезда со гравитација. Материјалот во близина на неутронска ѕвезда или црна дупка станува исклучително жежок и емитира зрачење на бранови должини карактеристични за рентгенските зраци.

Бидејќи регионот во кој се формираат рендгенските зраци е релативно мал, планетата што минува пред неа би можела да ги блокира повеќето или сите зраци, што го олеснува транзитот за набљудување со телескоп.

Досега единствениот употреблив метод на планетарни системи

Членовите на тимот на Ди Стефано користеле техника за мерење на транзитна светлина за да откријат потенцијална егзопланета во бинарен систем наречен M51-ULS-1.

„Методот што го развивме и користевме во моментов е единствениот употреблив метод за откривање на планетарни системи“, изјави Ди Стефано од Центарот за астрофизика во Кембриџ за BBC.

Системот што го забележале се состои од црна дупка или неутронска ѕвезда која орбитира околу соседната ѕвезда, чија маса е околу 20 пати поголема од Сонцето. Неутронска ѕвезда е колабирано јадро на некогаш масивна ѕвезда.

Откриената планета е со големина на Сатурн?

Измерениот транзит траеше околу три часа, при што емисијата на рентген зраци се намали на нула. Благодарение на овие информации, астрономите процениле дека егзопланетата што веројатно ја забележале би можела да биде со големина колку Сатурн и да орбитира околу неутронска ѕвезда или црна дупка на околу двапати оддалеченост од Сатурн од Сонцето.

Ди Стефано вели дека техниките кои досега биле успешно користени за откривање планети во Млечниот Пат се бескорисни кога се гледаат други галаксии. Ова е делумно затоа што огромните растојанија меѓу галаксиите драстично го намалуваат количеството на светлина што допира до телескопот, но и огромното количество објекти во мал простор (кога се гледа од Земјата), што го отежнува разликувањето на поединечни ѕвезди.

Но, ситуацијата е поинаква со ѕвездените системи кои емитуваат рендгенски зраци.

„Има само неколку десетици такви извори во целата галаксија, па можеме да ги разликуваме“, објаснува Ди Стефано.

„Силната емисија на рентгенски зраци што доаѓа од мал регион може да биде во голема мера или, како во нашиот случај, целосно блокирана од планета што минува помеѓу ѕвезда и нашиот телескоп“, рече таа.

реклама

Водич за мажи: Како да зборувате „безобразно“ за време на секс ?

Read more

Тајра Бенкс 48. роденден го прослави со фотографија во костим за капење

Read more

Првата студија покажа: Омикрон успешно го избегнува имунитетот стекнат по природен пат

Read more

Ѓоковиќ со порака за здравје ги поддржа големите протести во Белград

Read more

Наука

Откриена нова планета – што знаеме за неа досега?

Read more

Што кријат чудните сигнали од Венера?

Read more

Пронајдено антитело кое ги неутрализира сите варијанти на коронавирусот

Read more

Колку брзо би можеле да патуваме низ вселената?

Read more
 

Гик

Студија: Можно е омикрон да презел дел од генетскиот материјал на вирусот на настинка

Читај повеќе

Гејмерски сон: Lamborghini столица од иднината

Читај повеќе
  • play_arrow

Nissan и JAXA работат на нов прототип за лунарен ровер

Читај повеќе

Откриена нова планета – што знаеме за неа досега?

Читај повеќе

Чет апликации кои ги споделуваат вашите податоци со ФБИ

Читај повеќе
  • filter

Ужасот во Помпеја бил како да експлодирала атомска бомба

Читај повеќе

„Потенцијално опасен“ астероид ќе влезе во орбитата на Земјата

Читај повеќе

Маск го спореди новиот директор на Twitter со Сталин во бизарно меме

Читај повеќе

Откриен виновникот за згрутчување на крвта од вакцината на AstraZeneca

Читај повеќе