Астрономите се жалат од сателитите на SpaceX

Речиси секоја петта ноќна астрономска фотографија сега содржи сјајни бели линии поради сателитите во ниската орбита.

Неодамнешно истражување предупредува дека зголемувањето на бројот на комерцијалните сателити од компаниите како SpaceX ја загадува ниската орбита и директно влијае врз астрономските фотографии, што може да доведе до тоа Земјата да стане поранлива кога се во прашање астероидите и можен удар.

Студијата објавена минатиот петок во Astrophysical Journal Letters тврди дека илјадниците сателити од програмите како Starlink на SpaceX прават голем број на ноќни астрономски фотографии да се покриени со светли линии.

Додека само 0,5% од ноќните фотографии направени во 2019 година имале ваков проблем, збојот се зголеми на неверојатни 18% во август 2021 година, што значи дека скоро една од пет ноќни фотографии се покриени со линии од сателити.

Истражувачите велат дека трагите од сателити „диспропорционално влијаат врз ноќните опсервирања“ кои се користат за да се пратат астероидите и кометите кои се во близина на Земјата. Она што алармира е дека овие сјајни траги наскоро може да резултираат со тоа што истражувачите нема да забележат одредени астероиди и комети.

Според авторите на студијата, сегашната бројка на сателити не е доволно висока за да има значително влијание на истражувањата, но проблемот е што ситуацијата од ден на ден значително се менува - на полошо.

Во неделата сопственикот на SpaceX, Илон Маск, се пофали дека 1.469 сателити од Starlink програмата се активни во ниската орбита. Илјадници други сателити исто така орбитираат околу Земјата, а во еден извештај од септември се вели дека вкупната бројка е дури 8.000.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Вести

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе