Астрономски казни во Грција ако пушите и возите истовремено

Новите закони во Грција предвидуваат драконски казни за пушење додека возите.

Возачите на приватни возила кои пушат додека возат во Грција, а во возилото имаат дете помало од 12 години, ќе бидат казнети со 1.500 евра и ќе им биде одземена возачката дозвола.

Возачите ќе се соочат со иста казна ако нивниот совозач консумира производи од тутун.

Возачите на такси возила, автобуси и друг вид на јавен превоз, ќе бидат казнети со парична глоба од 1.500 евра ако возат и пушат, а исто така ќе добијата забрана за управување со возило во траење од еден месец, предвидуваат новите сообраќајни прописи што денеска ги објави грчкото Министерство за здравје.

Согласно овие прописи, ако во возилото има дете помладо од 12 години, паричната казна изнесува 3.000 евра.

Казниво е и зборување на мобилен додека возите и пушење во јавни простории

Зборувањето на мобилен телефон додека управувате возило во Грција е забрането. Полицијата може да ја провери листата на повици при истражување на сообраќајни несреќи.

Возењето под дејство на алкохол е казниво со закон. Секоја општина има свои рестрикции и висина на казни, па тие се движат од 250 до 2.000 евра, одземање на возачката дозвола па дури  и казна затвор. Дозволеното ниво на алкохол во крвта е значително помало во споредба со кај нас, па дозволено е максимум 0,25 промили. За нови возачи (помалку од 2 години искуство), возачи на мотор/мопед и професионални возачи (возачи на такси, автобуси), дозволено е 0,10 промили алкохол во крвта. Полицијата може да ве застане во било кој момент и да изврши контрола.

Според новиот закон што го воведе Грција, пушењето е забрането во јавни простории и е многу сличен на нашиот во Македонија. Глобите се движат  до 500 евра доколку ве фатат како пушите во затворен објект – ресторан, кафуле и слично.

Водич за патници: Што смеете да внесете преку граница во Грција?

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Регион

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Read more

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more
 

Вести

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе