УЕФА ЛИГА ЕВРОПА 2023/2024 ФИНАЛЕ

Аталанта и Леверкузен вечерва играат за пехарот на Лига Европа

Сезоната во европскиот клупски фудбал полека дојде до крајот. Вечерва фудбалерите на Аталанта од Бергамо и Баер од Леверкузен ќе го одлучат победникот на првото од трите европски финалиња сезонава, а тоа е Лига Европа.

Центарот на фудбалска Европа вечерва ќе биде стадионот „Авива“ во главниот град на Ирска, Даблин, кој беше одбран да биде домаќин. Има капацитет од 51.711 гледачи. Двата тима немаат многу играно еден против друг, но во сезоната 2021/2022 играа токму во ова натпреварување кога во осминафиналето Аталанта го елиминираше тимот од Леверкузен на двапати победувајќи го со 3:2 и 1:0.

Од една страна Баер, кој го постигна најголемиот успех во клупската историја и без загубен натпревар ја освои шампионската титула во Бундеслигата, а од друга Аталанта, која избори пласман во Лигата на шампионите и сето тоа може да го круниса со европски трофеј вечерва во своето прво европско финале.

За Аталанта ова е прво евроипско финале, но Леверкузен има играно претходно, ама без освоен пехар. И тоа играше финале во Лигата на шампионите кога во 2002 загуби од Реал Мадрид. Аталанта штотуку го загуби финалето во Копа Италија од Јувентус, па клубот и натаму го чека првиот трофеј во било какво натпреварување од далечлната 1963 година, кога триумфираше во домашниот куп. Баер, пак, сезонава ја освои Бундеслигата, а допрва го чека и финале во ДФБ купот против Кајзерслаутерн.

Алонсо

Леверкузен сезонава нема пораз на 51 натпревар и има шанса да ја освои тројната круна. Тренерот Шаби Алонсо заработи максимална почит за сработеното, а тимот и вечерва важи за благ фаворит.

„Добро сме запознаени со Аталанта, но ова е тим кој продолжува да напредува и еволуира. Игравме против слични тимови во Германија, но она што е најважно пред сѐ е менталитетот. Имаме план за игра, но играчите сѐ уште ја имаат таа прекрасна атмосфера од прославата на титулата во саботата и сакаме да го искористиме тоа. Различно е да се има финале како играч и како тренер. Сега вака стојат работите: кога топката се тркала, време е за играчите. Но, имам голема доверба во мојот тим. Ќе успеат“, изјави Алонсо.

Гасперини

Од друга страна, тренерот на „Деа“, Џан Пјеро Гасперини, открива дека неговиот тим вечерва игра за гордоста на цела Италија.

„Веруваме дека подготвивме сѐ што требаше да подготвиме, така што само сакаме да играме. Ние сме во најдобра можна состојба во психолошка и физичка смисла. Свесни сме дека се соочуваме со одличен тим. Знаеме дека Леверкузен е непоразен и знаеме дека имаа неверојатна сезона. Резултатите што ги постигнаа оваа сезона не се случајни. Секако, малите детали можат да ја направат разликата во финалето. Мора да ги почитуваме и да се обидеме брзо да се прилагодиме на противниците со кои се соочуваме. Силни се и ќе има проблеми, но и ние ќе дадеме сѐ од себе. Има многу луѓе кои ќе нѐ бодрат бидејќи ја претставуваме цела Италија. Ја чувствуваме нивната поддршка и тоа е дополнителен мотив за нас“, изјави Гасперини.

Веројатни состави:

Аталанта: Хуан Мусо; Берат Џимсити, Исак Јен, Сеад Колашинац; Давиде Ѕапакоста, Едерсон, Тојн Копмејнерс, Матео Руџери; Шарл Де Кетелере, Марио Пашалиќ; Џанлука Скамака.
Повредени: Емил Холм, Мартен Де Роон
Неизвесни: Рафаел Толои, Сеад Колашинац

Леверкузен: Матјеј Ковар; Едмонд Тапсоба, Џонатан Та, Пјеро Инкапје; Јосип Станишиќ, Ексекиел Паласиос, Гранит Џака, Алекс Грималдо; Флориан Вирц; Џереми Фримпонг, Амин Адли.
Повредени: /
Неизвесни: /

Судии

Главен судија ќе биде Унгарецот од Романија, Иштван Ковач, а ќе му помагаат сонародниците Василе Маринеску и Михај Артене, додека четврти е Иван Кружлиак од Словачка. Резервен судија е Бранислав Ханцко, исто од Словачка.

Во ВАР собата главен ќе биде Пол ван Букел од Холандија, негов асистент ќе биде Каталин Попа од Романија, а втор помошник Роб Диперинк од Холандија.

Пехар

Трофејот на УЕФА Лига Европа е висок 65 сантиметри и тежок 15 килограми. Сребрена чаша на столбна плоча од жолт мермер, дизајниран и изработен од работилницата Bertoni во Милано. Веднаш над столбната плоча, група играчи се чини дека се тепаат за топката, а всушност ја поддржуваат октагоналната „чаша“ на која е украсен амблемот на УЕФА.

Победникот од денешното финале, исто така, ќе добие место во групната фаза од Лигата на шампионите на УЕФА со нов изглед наредната 2024/2025 сезона. Но, и Баер и Аталанта имата оибезбедено место преку Бундеслигата и Серија А, така вечерва за нив најмногу ќе навиваат Ајнтрахт и Рома, оти една од нив ќе обезбеди пласман, во зависност од тоа чиј сонародник ќе победи.

Амбасадор на овогодишеното финале е поранешниот ирски репрезентативец Џон О'Шеј.

реклама

Еротски микс

Read more

Елегантна и заводлива: Моника Белучи мамеше погледи во Дубаи

Read more

Што ќе се случи ако истурите омекнувач во тоалетот?

Read more

Кит проголта и исплука кајакар кај брегот на Чиле: Мислев дека тоа е крајот

Read more

Фудбал

Роналдо откри кој е најлошиот фудбалер со кој некогаш играл

Read more

Анчелоти ќе добие отказ ако Реал Мадрид остане без ЛШ трофеј

Read more

Дешан: Зидан е природен кандидат за мој наследник

Read more

Поранешен талент на Баерн доживеа мозочна смрт на терен

Read more
 

Спорт

Роналдо откри кој е најлошиот фудбалер со кој некогаш играл

Читај повеќе

Анчелоти ќе добие отказ ако Реал Мадрид остане без ЛШ трофеј

Читај повеќе

Роналдо ја предводи листата на најплатените спортисти во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Претставен првиот болид за новата сезона во Ф1

Читај повеќе

Дешан: Зидан е природен кандидат за мој наследник

Читај повеќе

Поранешен талент на Баерн доживеа мозочна смрт на терен

Читај повеќе
  • play_arrow

Еурофарм Пелистер загуби во Лисабон

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас живее и без Дончиќ

Читај повеќе

Брињоне ја растури конкуренцијата во Залбах

Читај повеќе