КОПА ИТАЛИЈА 2020/21

Аталанта - Јувентус ќе гласи италијанското куп финале

Откако синоќа со 3:1 го елиминираше Наполи, екипата на Аталнта се избори за финална пресметка со Јувентус.

Италија ќе добие нов куп шампион бидејќи актуелниот бранител Наполи синоќа доживеа елиминација. По оние 0:0 во Неапол минатата среда, вчера „Партенопеите“ потклекнаа во Бергамо.

Уште по само 16 минути игра „Деа“ веќе обезбеди убедливо водство од 2:0. Во 10. минута Дуван Сапата со одличен удар го отвори резултатот, а шест минути подоцна истиот играч убаво го пронајде Матео Песина кој го дуплираше водството.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше во стартниот тим на Џенаро Гатузо, но на полувремето остана во соблекувалната откако беше заменет со Матео Политано.

Наполи во 53. минута ја врати надежта со голот на Ирвинг Лосано, па му фалеше уште еден гол за со 2:2 да оди во ново финале благодарение на правилото за гол на гости.

Сепак, со својот втор гол во 78. минута Песина се погрижи бранителот да биде елиминиран.

Remote video URL

Аталанта за куп пехарот сонува од 1963 година кога прв и последен пат го освои, а тоа го направи победувајќи го Торино со 3:1. Има и три загубени финалиња во 1987, 1996 и последното во 2019 кога загуби од Лацио со 2:0 на „Олимпико“ во Рим.

Финалето помеѓу Аталанта и Јувентус ќе се игра на 19 мај, а стадионот допрва ќе биде одреден.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Фудбал

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more
 

Спорт

  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе