Атина очекува одлучувачки чекор од Скопје

Атина, 4 јуни 2018 (МИА) - Топката е на теренот на соседите да го направат одлучувачкиот чекор кон решение, а ние чекаме, вели портпаролот на грчката Влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчката телевизија „Контра“.

„Она што го очекуваме е политичкото раководство на поранешната југословенска Република Македонија да го направи решителниот чекор за конечно да отидеме напред кон заемно прифатливо решение кон кое чини дека се стремат и двете земји. Господинот Заев ќе треба да заврши со неопходните политички активности во внатрешноста на неговата земја и тоа е она што го очекуваме“, вели Ѕанакопулос во интервјуто.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, тој не сакаше да предвиди кога би се остварил телефонскиот разговор меѓу Зоран Заев и Алексис Ципрас и уште еднаш рече дека „ништо не е договорено, ако не се договори сѐ“.

Портпаролот на грчката Влада во интервјуто неколкупати го повтори ставот дека Атина очекува од Скопје да го направи потребниот чекор за да се стигне до решение.

„Ништо не е договорено, ако не се договори сѐ. Во овој момент очекуваме од страна на политичкото раководство на поранешната југословенска Република Македонија да го направи решителниот чекор и да го прифати договорот. Нормално, за време на техничките преговори, сѐ што се договара се заведува во писмена форма. Она што го очекуваме е комуникацијата меѓу двајцата премиери,  која во овој момент не може да се предвиди кога би се случила“, објасни портпаролот на грчката Влада.

Ѕанакопулос истакна дека Грција нема никаков притисок, „дали временски или било каков друг за да се постигне договорот“, па затоа вели дека топката е на теренот на другата страна, а Атина единствено што може да направи е да чека.

Говорејќи за грчката телевизија, рече дека договорот јасно и конкретно ќе го гарантира завршувањето на фазата на менување на името, а изрази убеденост дека партиите во Грција тешко ќе најдат аргумент за да не го поддржат решението.

„Доколку постои договор на Нова демократија и на некои други од опозицијата ќе им биде многу тешко да најдат причина да не го гласаат, затоа што ќе биде таков што на најдобар можен начин ќе ги гарантира интересите на земјата. Ќе го гарантира комплетирањето на преодниот период кон новото име во соседната земја и ова ќе се направи со многу конкретни технички и обврзувачки услови“, објасни министерот без ресор на Грција и портпарол на Владата и изрази надеж дека евентуалниот договор би можел да добие широка парламентарна поддршка.

Ѕанакопулос ги демантираше и ги отфрли обвинувањата од опозициската Нова демократија дека се стреми кон решение за во замена да добие олеснување за долгот.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Регион

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more

Вучиќ: Србија може да го напушти Советот на Европа откако беше примено Косово

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе