КОПА ДЕЛ РЕЈ 2019/20

Атлетик и Сосиедад финалето ќе го играат со публика, макар и во 2021

Финалето на Шпанскипот куп, кое поради пандемијата со коронавирусот требаше да се одигра на 18 април, може да се одржи дури наредната година.

Двата баскиски клубови постигнаа меѓусебен договор, кој го одобри и Кралската фудбалска федерација на Шпанија, финалето да се игра со присуство на публика, но дури кога условите ќе дозволат такво нешто.

Тоа значи дека дури и да продолжи прекинатата сезона, финалето нема да се игра доколку не е дозволено присуство на публика на трибините. Двата баскиски ривали се едногласни дека историската дерби финална пресметка треба да биде празник на фудбалот и се подготвени да се откажат и од пласманот во Лига Европа само за да не играат пред празни трибини.

„РФЕФ ја цени одлуката и заедничкото барање на двата клуба и ќе ги преземе сите можни процедури за финалето од Копа дел Реј да се игра како официјално натпреварување кога ситуацијата ќе дозволи, за време на 2020 или 2021 година, но пред почетокот на сезоната 2020/21“, стои во официјалното соопштение на Кралската фудбалска федерација на Шпанија.

URL

УЕФА им нареди на сите федерации до крајот на предвидениот рок за завршување на прекинатите првенства и купови да достават листа на клубови кои наредната 2020/21 сезона ќе настапуваат во Лигата на шампиони и Лига Европа. Победникот од Копа дел Реј има место во Лига Европа, но доколку не се доигра до поставениот рок, тоа место ќе му припадне на некој клуб од Ла Лига, во зависност од пласманот. Атлетик и Сосиедад се подготвени да се откажат од местото во Лига Европа, сѐ за финалето да се игра со публика. Сосиедад во Ла Лига се бори за место во Лигата на шампиони, па при такво сценарио веројатно губитник на крајот би бил Атлетик, нормално, доколку го освои Купот.

Со оглед на ситуацијата, не би било чудно доколку финалето се одигра дури наредната 2021 година. Сепак, зависи и од тоа кога ќе заврши прекинатата сезона и кога ќе треба да почне наредната. Засега останува истата локација, односно стадионот „Ла Картуха“ во Севиља.

Ова ќе биде 118-то финале во историјата Копа дел Реј. За Сосиедад ќе биде осмо, има само два трофеа од кои последниот е од 1987. Атлетик е далеку подобар со 38 финалиња (вклучувајќи го и ова) од кои 23 освоени, а последен пат се радуваа во 1984.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе