Атлетико и направил нешто на Барселона што не му успеало на никој од сезоната 2005/2006

Атлетико Мадрид и Барселона ремизираа со 1:1 во дербито од осмото коло од Ла Лига, но начинот на кој Атлетико и даде гол на Барселона, далеку повеќе личи на нивниот ривал.

Саул Нигез во 21 минута ги воодушеви домашните навивачи, Атлетико Мадрид поведе до 1:0, а голот на Нигез беше постигнат после 18 додавања!

Барселона од сезоната 2005/6 нема примено погодок после толку врзани пасови на противникот.

Брзи и кратки додавања, топката ја додаваше Гризман кој беше константна опасност по голот на Тер Штеген и Саул кој ја повлекуваше топката десно.

Џерар Пике се постави пред него, малку доцнеше да го затвори ударот и дури момент подоцна тој и Тер Штеген можеа само да гледаат како топката влегува во мрежата на Барселона.

 

 

Свој удел во овој натпревар даде и Суарез, кој во 82 минута конечно го проби мразот и ја погоди мрежата на Јан Облак.

Атлетико до тој момент играше цврсто, а Суарез го постигна погодокот после центаршут на Серхи Роберто и стана првиот фудбалер на Барселона кој дал гол на новиот стадион на клубот од Мадрид.

Лео Меси беше главниот двигател на сите акции на својот клуб, но тој не успеа да се запише во листата на стрелци, а Барселона не успеа да дојде до пресврт и триумф.

 

 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе