Фудбал

Атлетико ја совлада Севиља во директниот дуел за второто место

23. септември 2017 - 15:28 | К.З.

Фудбалерите на Атлетикот Мадрид остварија голема победа на домашен терен, откако денеска на домашен терен беа подобри од Севиља со 2:0.

Атлетико и Севиља често ротираа со составите во текот на оваа сезона, но денеска и двата тима излегоа со своите најсилни состави.

„Јорганџиите“ почнаа доминантно, иако Севиља ја имаше првата сериозна шанса на натпреварот. На пауза сепак се замина со резултат 0:0.

Но, во првата минута од второто полувреме, Караско го отвори резултатот и го доведе тимот на Атлетико во водство.

Победникот беше решен во 69 минута, кога Гриезман погоди во долниот десен агол на Севиља, и со тоа го постави конечниот резултат 2:0.

Со денешната победа Атлетико Мадрид ја помина Севиља на табелата и се искачи на второто место.

Коментирај