Атлетико против стариот непријател, Сити патува во Германија

Лигата на шампионите е повторно во редовниот распоред на секој љубител на фудбалот, а во оваа спортска среда следуваат два нови двобои на европските суперсили. По вчерашните натпревари на кои не беше постигнат ниту еден гол, се очекува голгетерите на овие четири тима да бидат расположени за тресење на противничките мрежи.

Вечерва силите ќе ги одмерат Атлетико Мадрид и Јувентус, како и Шалке и Манчестер Сити. Влогот е голем за сите четири екипи. Некои од нив се поуспешни во домашните првенства, додека за некои ова е можност да се спаси сезоната.

Атлетико Мадрид - Јувентус

Првиот дуел вечерва ќе се одигра на Ванда Метрополитано, каде Атлетико Мадрид ќе го пречека „новиот“ Јувентус, со Кристијано Роналдо во неговите редови. Низ годините Роналдо се покажа како вистински кошмар за Диего Симеоне и неговиот тим, а „бјанконерите“ се надеваат дека тоа ќе продолжи и по овој дуел. Голгетерскиот скор на Роналдо е импресивен – тој во 31 натпревар против Атлетико Мадрид успеа да постигне 22 гола, а притоа е неприкосновен на првото место на листата на стрелци во нокаут-фазата во ЛШ. Роналдо има постигнато 60 гола во овие натпревари, а далеку зад него на второто место е Лионел Меси со 40.

Тимот на Атлетико може да се пофали со многу успешно резиме од Лигата на шампионите во изминатите неколку години, во кои двапати стигнуваа до финалето, но и двапати беа поразени од Реал Мадрид и Кристијано Роналдо. Слична судбина имаше и Јувентус, кој двапати стигна во финалето во последните две години, само за да биде поразен од Барселона и Реал Мадрид. Вечерва двата тима ќе се обидат да ја „скршат“ лошата среќа и конечно да го надминат предизвикот, со цел да останат во борба за европската круна.

Шалке - Манчестер Сити

Шампионот на Англија, Манчестер Сити, е апсолутен фаворит во дуелот со Шалке. Првиот натпревар се игра на Шалке Арена, но од составот предводен од Пеп Гвардиола се очекува да доминира и да се врати во Англија со предност. А како што играат „граѓаните“ во последно време, тешко е да се очекува дека Шалке има некакви, макар минимални шанси за успех во овој двомеч.

Манчестер Сити забележа 12 победи на 13-те последни натпревари во сите натпреварувања, а како најважна алка во оваа серија е одличната форма на Серхио Агуеро, кој постигна хет-трик на два од последните три натпревари. Од другата страна, Шалке нема пораз во последните девет натпревари на домашен терен во европските натпреварувања. Во оваа серија забележа шест победи и три нерешени натпревари, што им дава каква-таква надеж дека можат да стигнат до позитивен резултат вечерва.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Фудбал

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе