Тенис

АТП: Федерер пред Ѓоковиќ, Мареј остана прв

17. јули 2017 - 10:52 | Макфакс

Со рекордната осма титула на Вимблдон, Роџер Федерер напредуваше за две места на најновата АТП листа и сега се наоѓа на третата позиција.

Федерер по Вимблдон ги „скокна“ Стан Вавринка и Новак Ѓоковиќ, кој остана на четвртото место, додека Швајцарецот назадуваше за две места.

Прв на АТП листата сè уште е Енди Мареј со 7.750 бодови, втор е Рафаел Надал со само 285 бодови помалку од Британецот.

Инаку, првите пет на АТП листата ги делат само 1.610 бодови.

Шести на листата е Марин Чилиќ, седми е Доминик Тим, кој го замени местото со Кеи Нишикори, деветти е Милош Раониќ, кој назадуваше за две места, а десетти е Григор Димитров. 

Коментирај