АТП претстави нов екипен турнир

Лондон, 15 ноември 2018 (МИА) – Aсоцијацијата на тениски професионалци (АТП) и „Тенис Австралија“ официјално го објавија создавањето на нов екипен турнир, кој од 2020 година ќе го означува почетокот на машката тениска сезона.

Турнирот се нарекува „АТП Куп“ и ќе вклучува 24 земји кои ќе се борат за трофејот во период од 10 дена. Домаќини на турнирот, во кој учесниците ќе бидат поделени во шест групи од по четири репрезентации, ќе бидат три австралиски градови. Вкупно 8 репрезентации ќе продолжат во следната рунда, а секој дуел ќе вклучува два меча – еден во сингл и еден во двојки.

На „АТП Куп“, исто така, ќе се добиваат бодови за светската ранглиста, при што шампионите ќе освојуваат 750 поени. Наградниот фонд на турнирот е 15 милиони долари.

АТП имаше слично натпреварување, кое се нарекуваше „АТП Светско екипно првенство“, помеѓу 1987 и 2002, и се одржуваше во Дизелдорф.

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ учествуваше на презентацијата на „АТП Купот“ и ја изрази својата поддршка за новиот турнир. Поддршка на новиот турнир дадоа и други големи тениски ѕвезди, вклучувајќи го и Роџер Федерер.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе