Чек дис аут

Атракција на Бахамите: Пливање со свињи

21. август 2019 - 11:26 | М.С.

На Бахамите постои плажа наречена „Pig Beach“, на која може да се дружите и пливате со свињи. Иако на многумина ова им звучи како шега, оваа плажа е голема атракција за туристи кои доаѓаат од сите делови на светот.

Никој не знае како овие свињи се нашле тука, а нив ги пронашол еден нуркач кој ги истражувал околните води. Легендата вели дека на тоа место ги оставиле морнарите кои планирале да се вратат и подоцна да ги изедат. Други приказни велат дека откако преживеале бродолом, испливале на брегот.

На овој остров живеат 20 свињи, како и неколку мачки и кози. До ова место може да се стигне со изнајмен брод. Доколку се одлучите за групна посета со водич, тогаш во целодневната посета е вклучено пливање и дружење со свињи, но и ајкули.

Туристичката комора истакнува дека е горда на тоа што Бахамите се дом на свињи кои пливаат и се дружат со луѓето. На посетителите препорачуваат да им носат храна и ладна вода, затоа што свињите често имаат проблеми со дехидрација.

Коментирај