Кошарка

Атракција на сезоната: Рекордот на Јокиќ низ бројки

10. ноември 2018 - 10:58 | А.С.

Никола Јокиќ синоќа го одигра најдобриот натпревар во сезоната 2018/2019.

Центарот на Денвер Нагетс го оствари рекордот на сезоната во број на постигнати поени и број на скокови.

Јокиќ за само 33 минути на натпреварот против Бруклин Нетс оствари учинок од 37 поени (14/22 од игра, 8/10 слободни) и 21 скок, како и три асистенции и два блока.

За жал, неговата игра не беше доволна за победа на неговиот тим и Бруклин славеше благодарение на кошот во последна секунда што го постигна Карис Леврт.

По одиграни 12 натпревари, Денвер Нагетс имаат скор од 9/3.

Коментирај