Трките на четврт милја често се досадни. Доволно е да ги погледнете декларираните размери на можност и маса кај возилата, како и податокот за забрзување од 0 до 100 км/ч за да го погодите победникот. Но, овој пат ситуацијата е поинтересна.
CarWow собра неколку од најбрзите семејни автомобили актуелни на пазарот. Два монструозни каравани и две лимузински ракети. Сите четири автомобили имаат погон на четири тркала, но додека Marcedes AMG E63, Audi RS6 и BMW 760 Li се бензинци, рамо до рамо им се смести електричниот натрапник Tesla Model S P100D.
Обидете се да го погодите победникот во двете категории пред да го погледнете видеото.