Audi го претстави новиот Q5 Sportback
Audi го претстави новиот Q5 Sportback.
Тоа е истиот Q5 кој веќе е познат на пазарот, но со поинаков изглед. 2,0-литарскиот четирицилиндричен мотор со блага хибридна технологија развива 261 КС и 370 Nm максимален вртежен момент.
Моќниот 3,0-литарски V6 мотор со турбополњач во моделот SQ5 Sportback развива 349 коњски сили и 500 Nm максимален вртежен момент.
Q5 Sportback има пософистицирана внатрешност – нов MIB 3 софтвер, 10,1-инчен екран чувствителен на допир, Audi Virtual Cockpit.
Audi Q5 Sportback пристигнува во 2021 година, а ќе биде ривал на Mercedes GLC Coupe и BMW X4. Цената сè уште не е позната.