Audi го претстави новиот RS3 со 394 КС
Audi официјално го претстави новиот модел RS3 со 5-цилиндричен мотор кој развива 394 КС.
Под хаубата е 5-цилиндричен турбо бензин мотор. RS3 ќе има агресивен дизајн и досега најдобра динамика. Напред доминира предната маска, а во браникот се сместени отвори за дополнително ладење. Во внатрешноста се наоѓа стандардниот 12,3-инчен Audi Virtual Cockip и 10,1-инчен инфозабавен екран со MIB3 интерфејс.
Од 0 до 100 км/час забрзува за само 3,8 секунди. Максималната брзина изнесува 250 км/час.
Продажбата во Европа почнува во август. Цената на основниот модел изнесува 60.000, а за седан 62.000 евра.