Подготовките на Audi за влез во Формула 1 во 2026 година продолжуваат, откако од германскиот производител потврдија дека нивниот протитоп мотор ќе биде тестиран до крајот на годинава.

Брендот во сопственост на Volkswagen групацијата минатиот октомври потврди дека купува дел од Sauber групацијата, која се натпреварува во Ф1 со тимот на Alfa Romeo со мотори на Ferrari. Ф1 шампионатот од 2026 година воведува нови мотори со фокус на одржливост и на намалување на трошоците, а Заубер ќе стане фабрички тим на Audi.
Според членот на бордот на Audi, Оливер Хофман, проектот веќе функционира и повеќе од 260 специјалисти работат во фабриката во Нојбург во близината на седиштетото на компанијата во Инголштад.
„Основата на тимот се луѓе што веќе работеа во Audi, на кои им се приклучија специјалисти со Формула 1 искуство. До крајот на годината, ќе се комплетира тимот од 300 вработени“, вели Хофман.