Audi конечно го претстави новиот Q8

Германската компанија Audi влезе во луксузниот купе-SUV сегмент со претставување на моделот Q8, кој застана на врвот на семејството Q и ќе им го понуди на корисниците најдоброто од двата света, односно ќе ја донесе елеганцијата на купе со пет врати и сестраноста на голем SUV.

Димензиите на Q8 се приближно еднакви со оние на Q7, но тој личи понизок благодарение на слегувачката линија на покривот.

Меѓуосовинското растојание изнесува скоро три метри и со тоа овозможува автомобилот да има внатрешност за која од Audi тврдат дека е супериорна во однос на директните ривали во истиот сегмент, а тоа се BMW X6 и Mercedes-Benz GLE Coupe.

Визуелно Q8 се разликува од останатите членови на семејството Q, бидејќи карактеристичен за него е новиот дизајнерски јазик на Audi, кој за првпат беше прикажан со новиот A8. Тој поседува истакната решетка кај ладилникот со шест хромирани летвички, а од страните доаѓаат тенки matrix LED светла.

Внатрешноста е многу слична со онаа на Audi A8, тука се двата екрани чувствителни на допир кои се поставени на централната конзола, а тука е и третиот екран кој се наоѓа пред возачот. Овој екран покажува повеќе информации за возилото, додека останатите два екрани се користат за управување на Infotainment системот и клима уредот.

Audi Q8 располага со 3.0-литарски мотор, кој треба да го придвижи масивното тело од 2.145 килограми. Моторот на овој автомобил користи блага хибридна технологија, која се состои од 40-волтен електричен систем, литиум-ионски батерии, стартер и алтернатор.

Тој развива 286 коњски сили и вртежен момент од 600 Nm, а силата се пренесува на сите четири тркала преку 8-степенскиот tiptronic автоматски менувач и Quattro системот на Audi. Од 0 до 100 км/ч забрзува за само 6,3 секунди, а има максимална брзина од 230 километри на час.

Овој автомобил ќе се произведува во Братислава во Словачка, а ќе дебитира на германскиот пазар и во другите европски држави во третиот квартал од наредната година.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Авто новости

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Read more

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Read more

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Read more
 

Автомобили

  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе
  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе