Авто новости

Audi откри кои нови електрични модели ќе ги произведува

6. октомври 2019 - 21:59 | А.С.

Германски Audi планира да направи уште најмалку три електрични возила на архитектурата MEB на Volkswagen.

Прв автомобил од Volkswagen групата на платформата MEB е електричниот хечбек ID.3 кој беше претставен во септември во Франкфурт, а неговото сериско производство ќе почне следниот месец.

Првиот Audi автомобил на оваа платформа ќе биде Q4 E-Tron чиј концепт беше претставен во март во Женева.

Шефот на дизајн во Audi, Волф Зеберс, неодамна откри дека овој конепт е 97% подготвен за сериско производство и дека најзначајните промени ќе бидат различните рачки на вратите, ретровизорите и помали тркала.

Потоа Audi планира да направи спортска верзија на кросоверот на база на Q4, а потоа и седан, потврди менаџерот на MEB проектот, Маркус Јешке.

Меѓутоа, Audi планира да развива и нова плаформа за идни електрични возила, па заедно со Porsche работи на проектот PPE.

Клучната разлика меѓу платформите MEB и PPE ќе бидат перформансите на возилата, вклучувајќи го погонот на сите четири тркала.

 

Коментирај