Audi планира да произведе повеќе електрични возила, а тука спаѓа и малиот компактен модел наменет за купувачите во Европа.
Директорот за маркетинг и продажба, Фермин Сонеира Сантос за Auto Express потврди дека автомобилот уште е во фаза на планирање.
„Го разработуваме концептот, но сè уште не е дизајниран автомобилот“, изјави Сантос.
Volkswagen групацијата ја најави MEB Entry платформата минатата година како база за најмалите електрични автомобили кои претстојат во понудата на Audi.
Овој мал градски автомобил ќе биде најевтин во понудата на електрични автомобили.
Првите од нив би требало да стигнат во 2023 година, а во понуда ќе бидат со неколку батерии.
Audi Al:Me концептот се појави на Саемот за автомобили во Шангај минатата година и е увид во она што може да го очекуваме во иднината од oваа автомобилска компанија.
Малиот хетчбек ќе има електричен мотор и батерија од 65 kWh.