Audi подготви два нови пакети за моделите RS4 Avant, RS5 и RS5 Sportback

Со новите пакети Competition и Competition Plus, триото RS на Audi ќе понуди уште подобри перформанси, кои вклучуваат повеќе звук во кабината произведен со комбинација на поотворен издувен систем и 2,9-литарски битурбо V6 мотор.

Моделите RS4 Avant, RS5 Coupé и RS5 Sportback, зад кои стои дивизијата Audi Sport, на купувачите во Европа ќе им бидат достапни од средината на следната година во комбинација со два нови пакети кои се кријат зад имињата Competition и Competition Plus.

Со пакетот Competition, покрај споменатата тројка, доаѓа и поотворен издувен систем со двојни овални завршетоци, кој во комбинација со помала звучна изолација помеѓу моторот и кабината, ќе им обезбеди на возачот и на остатокот од компанијата значително поблагороден звук, без кој спортските автомобили не би биле тоа што се.

Покрај звукот, опцијата Competition доаѓа и со рекалибриран софтвер за управување со моторот и автоматскиот менувач, кој сега  префрла од една во друга брзина уште побрзо, а рекалибрирана е и максималната брзина на ограничувачот, така што сите три Competition RS сега достигнуваат 290 км/час.

Со следниот чекор (Competition Plus), клиентите можат да сметаат на адаптивна суспензија со прилагодливи амортизери, со кои подот на автомобилот може да биде поблиску до земјата за дополнителни 10 милиметри во однос на верзиите Competition, или 20 милиметри во однос на стандардните верзии RS4/RS5. Покрај прилагодливите амортизери, има и нови пружини и уште појаки стабилизатори.

Познатиот интегрален погон (quattro) на Audi во овој случај е прилагоден за да го пренесе најголемиот дел од вртежниот момент на задната оска, а комбинацијата на различно прилагодени ABS и карбон-керамички сопирачки резултираа со два метри пократко растојание за сопирање при сопирање од 100 км/час во споредба со стандардните верзии.

Без оглед на избраниот пакет, сите три каросерии се придвижувани од 2,9-литарски битурбо V6 мотор кој развива 450 коњски сили и 600 Nm врвен вртежен момент. Со помала тежина и други споменати подобрувања, RS4 Avant достигнува 100 км/час за 3,9 секунди (0,2 секунди побрзо од стандардниот), а RS5 Coupé и RS5 Sportback за 3,8 секунди (0,1 секунди побрзо од стандардните верзии).

Пакетите Competition и Competition Plus ќе им бидат достапни на клиентите во Европа од средината на следната година. За пакетот Competition на основната цена на автомобилот треба да се додадат уште 7.786 евра, а за Competition Plus 11.875 евра.

Тагови
реклама

Двајца млади скопјани најдени починати

Read more

Какви промени носи младата Месечина во Стрелец?

Read more

Денешниот датум 12.12 е еден од најмоќните во годината – направете неколку симболични чекори за да ве следи среќа

Read more

Македонија и Србија не мораат да измислуваат „топла вода“ – таа ни е под земја

Read more

Авто новости

Цените на електричните автомобили ќе паднат во 2026 година

Read more

Дали возењето „во лер“ навистина заштедува гориво?

Read more

Volkswagen најавува голема промена за бензинскиот Polo

Read more

Кој кинески автомобил е најпродаван во Европа?

Read more
 

Автомобили

Цените на електричните автомобили ќе паднат во 2026 година

Читај повеќе

Дали возењето „во лер“ навистина заштедува гориво?

Читај повеќе
  • filter

Volkswagen најавува голема промена за бензинскиот Polo

Читај повеќе

Genesis го претстави атрактивниот концептен модел G90 Wingback

Читај повеќе

Кој кинески автомобил е најпродаван во Европа?

Читај повеќе
  • filter

Opel ја откри новата Astra за 2026: Што носи редизајнот?

Читај повеќе
  • filter

Volkswagen Буба „на струја“ побрза и од Porsche

Читај повеќе

Синот на Саркози сака град без сообраќајни знаци

Читај повеќе

Непријатно изненадување: Само еден европски бренд меѓу најсигурните автомобили

Читај повеќе