Германскиот производител на автомобили купи малцински пакет акции во Sauber Group, објави денеска швајцарската компанија.

Sauber е инженерска компанија која е во автомобилскиот свет од 1970 година, а во натпреварувањето во Формула 1 влезе во 1993 година како Заубер. Од 2018 година неговите болиди се натпреваруваат под името Алфа Ромео Рејсинг.
Audi од 2026 година ќе влезе во светот на Формула 1 со свој фабрички тим за кој мотор развива Volkswagen, додека конструкција на болидот му е доделена на Sauber.
„Ова е важен чекор на патот кон влезот на Audi во Формула 1, предвидено за 2026, во што Sauber Group ќе биде стратешки партнер на германската марка“, соопштија од Sauber.
Заубер своите најуспешни години во Ф1 натпреварувањето ги имаше за време на партнерствата со други германски автомобилски великани (2006-2009), како BMW со кој во 2008 заврши на 2. место во поредокот за конструктори, а претходната година го освои 3. место. Од 2008 година датира и единствената победа на Заубер, која ја оствари Полјакот Роберт Кубица на трката за Големата награда за Канада.
Влезот во Ф1 Audi го најави минатата година, кога беше објавено дека од 2026 година ќе стапат во сила нови технички правила по кои болидите ќе бидат еднакво снажни, но поштедливи и еколошки поприфатливи, бидејќи нивната емисија на јаглероден диоксид ќе биде сведена на нула.