Авто новости

Audi подготвува три електрични автомобили за до 2020 година

20. март 2017 - 12:04 | Д.П.

Германскиот автомобилски гигант Аudi најави дека до 2020 година на пазарот ќе претстави три електрични модели, а првиот од нив треба да се појаву уште следната година.

Големиот електричен SUV кој треба да се појави веќе следната година, ја носи ознаката e-tron, а според информациите од Audi овој електричен модел со погон на сите четири тркала, секојдневна употребливост и автономија од околу 500 километри ќе претставува пресвртница во германската компанија.

По оваа верзија, Audi во 2019 година би требало да претстави кросовер модел кој ќе ја носи ознаката e-tron Sportback, а една година потоа терба да стигне и електричниот автомобил кој би бил со големина како Audi A1.

Компанијата очекува дека во периодот од 2020 до 2023 година ќе има голема побарувачка за електрични модели, а во нивните планови е секој трет Audi автомобил да биде хибриден или целосно електричен.

Коментирај