Audi претстави нов бренд - се вика AUDI

Судејќи по новитетот, креативците во Audi зеле слободни денови.

Audi претстави нови концепти во Шангај. Иако се работи за атрактивно скроени автомобили, најголем интерес предизвика она што го нема. Имено, компанијата реши да се „откаже“ од препознатливото лого со четири прстени.

Погледот на официјалното соопштение открива дека ова не е Audi. Компанијата претстави нов бренд, а неговото име е - Audi. Поточно, сега е AUDI и токму тоа го пишува на концептите. Од сите имиња што можеле да ги изберат, се одлучиле за тоа име, а потоа ги тргнале прстените за да го оддалечат од истоимениот оригинал.

Новото лого сега е името на брендот, со големи букви. Концептите предводени од концептот AUDI E го откриваат ова. Токму тој најавува три нови модели, а тие ќе се нудат паралелно со моделите на Audi. Главната разлика ќе биде во тоа што Audi ќе нуди модели со класичен погон, додека AUDI ќе нуди исклучиво електрични автомобили.

Дополнително, сите модели на AUDI добиваат нов дизајнерски израз кој ќе биде „прилагоден на вкусот на кинеските клиенти“.

Герно Долнер, извршен директор на Audi, рече: „Со лансирањето на овој нов бренд за електрични и интелигентни модели во Кина, Audi пробива нови терени во нови сегменти со клиенти кои се технолошки понапредни“.

Концептот AUDI E е автомобил долг 4870 mm со Sportback карактер. Има два електромотори за погон на сите тркала. Официјалните податоци говорат за 570 kW и 800 nm и спринт до 100 км/час за 3,6 секунди. Досегот со батерија од 100 kWh е 700 км според стандардот CLTC.

Да потсетиме, претходно во Кина, Audi го оживеа култното име Horch на моделот A8L, што беше далеку пологично. Auto Union, NSU, DKW и Wanderer сè уште не се користат. Кој знае, можеби ќе заживеат во наредните години. Се разбира, под услов Audi да преживее.

Тагови
реклама

Просечната цена на електричен автомобил сега е пониска отколку на хибриден

Read more

Работници нашле злато вредно 9 милиони евра копајќи канализациска цевка

Read more

Преку ден сончево, попладне локален пороен дожд

Read more

Проширувањето на ЕУ на пресвртница: Кој прв ќе оди во Брисел?

Read more

Авто новости

Просечната цена на електричен автомобил сега е пониска отколку на хибриден

Read more

Tesla повлекува возила Model 3 и Model Y поради проблем за кој знае од 2024 година

Read more

Жештината е опасна и за автомобилот: 5 работи на кои треба да внимавате

Read more

Кои се најдобрите половни автомобили до 3.000 евра? 

Read more

Автомобили

Просечната цена на електричен автомобил сега е пониска отколку на хибриден

Читај повеќе

Mansory подготви два екстремни и уникатни Bugatti

Читај повеќе

Tesla повлекува возила Model 3 и Model Y поради проблем за кој знае од 2024 година

Читај повеќе

Жештината е опасна и за автомобилот: 5 работи на кои треба да внимавате

Читај повеќе

Кои се најдобрите половни автомобили до 3.000 евра? 

Читај повеќе

Повлечени Volvo XC40 возила поради ризик од пожар

Читај повеќе

Како сами да отстраните мали гребнатини од автомобилот без да ја оштетите бојата?

Читај повеќе

Од која земја доаѓаат најагресивните возачи?

Читај повеќе
  • filter

Како Škoda Octavia постигна екстремни 365 км/час пред 15 години?

Читај повеќе