Audi RS3 ќе дебитира во септември 2021 година, а се шпекулира дека ќе го движи 5-цилиндричен мотор.
Audi RS3 се наоѓа во финалната фаза на развој и ќе се појави во септември наредната година, а шефот на маркетинг за Audi Sport Франк Мичл за Auto Express рече дека фановите можат да бидат сигурни дека инженерите ќе завршат одлична работа.
Мичл рече дека новиот Audi RS 3 ќе биде една од најуспешните модели и ќе го движи 5-цилиндричен мотор.
Сè уште не се објавени други детали, но познато е дека ќе развива повеќе од 415 коњски сили и 500 Nm максимален вртежен момент.
Не е објавена цената ниту датумот кога ќе започне продажбата.