За да го помине „зелениот пекол“ на новиот Audi RS3 Sedan му беа потребни седум минути и 40.748 секунди, што е нов рекорд за автомобилите од Ц сегментот.
Месец дена пред официјалното откривање на новиот Audi RS3 во Инглостад, го тестираа камуфлираниот автомобил на познатата германска стаза во Нирбургринг и ги покажаа можностите на нивниот најмоќен модел од популарниот Ц сегмент.
Audi RS3 Sedan ја помина стазата во Нирбургринг за 7 минути и 40.748 секунди што е ново најдобро време на оваа патека.
Го движи 2,5-литарски мотор кој развива 400 КС и 500 Nm максимален вртежен момент.
Од 0 до 100 км/ч забрзува за 3,8 секунди и развива 290 км/час. Почетната цена во Германија е 60.000 евра.