Во Audi сметаат дека горната граница за големина на автомобилски тркала е 23 инчи и не планираат да прават поголеми автомобили од моделите како Q7 и Q8.
Премиум SUV моделите, особено оние со високи перфоманси, имаат сѐ поголеми алуминиумски фелни, па многумина се прашуваат каде е границата на која ќе застанат кога станува збор за пречникот на тркалата.
Шефот на одделот за дизајн во Audi, Марк Лихте, смета дека треба да се застане на тркала со пречник од 23 инчи, големина што овој автомобилски производител ја нуди како опција кај моделот RS Q8.
Во разговор со Motor Authority Лихт рече дека „нема смисла да се прават тркала поголеми од тоа“, бидејќи ни идните SUV модели на Audi нема да бидат поголеми од RS Q8.
Audi RS Q стандардно се испорачува со сет од 22-инчни алуминиумски фелни, а по желба и со доплата купувачот може да добие тркала од 23 инчи.
Покрај огромните тркала, RS Q8 ги има и најголемите гуми досега поставени на еден продукциски модел на Audi, со димензии 295/40.
Сепак, не се сите сложни со ставот на Лихт.
Шефот на одделот за дизајн во General Motors смета дека во неговата компанија се планира производство на уште поголеми тркала за одредени идни модели, со пречник од 24, па и 26 инчи. Тој не нагласи за кои модели се планирани овие мегатркала.