Иако од светската премиера на Audi E-Tron не делат уште две недели, германскиот произведувач соопшти дека започнало сериското производство на овој автомобил на струја.
Првиот продукциски SUV модел на Audi на електричен погон ќе биде претставен на свеченоста, која на 17 септември ќе се одржи во Сан Франциско.
Сепак, од оваа компанија велат дека сериското производство е веќе во тек.
Соопштението е проследено со фотографија од комплетно црвен E-Tron, кој сокриен под покривка го чека својот прв сопственик, заедно со останатите Audi модели.
Audi E-Tron се изработува во фабрика во Брисел, каде во 2019 година ќе се произведува уште еден електричен модел - E-Tron Sportback.
Audi од порано соопшти дека моделот E-Tron за погон користи два електромотори, со вкупна моќ од 360 коњски сили.
Овој автомобил од 0 до 100 километри на час забрзува за помалку од 6 секунди, пред да ги достигне максималните 200 километри на час. Audi E-Tron се полни со помош на батерии со капацитет од 95 kWh, што е доволно за автомобилот со едно полнење да помине околу 400 километри.
Оваа голема автономија во возењето е возможна, помеѓу другото, благодарение и на добрите аеродинамички карактеристики и коефициентот на отпорот на воздух од 0,28 (затоа и ретровизорите се заменети со камери).
Во Audi тврдат дека батериите можат да се дополнат за само 30 минути, доколку се користи полнач со сила од 150 kW, додека на трофазен полнач од 400 волти, тие се полнат 8 часа и 30 минути.
Audi E-Tron ќе има доволно простор за удобно сместување на пет патници.
Повеќе детали за овој модел и први официјални фотографии не очекуваат ден претходно, или пак на самиот ден на премиерата на 17 септември.