Аукција на годината: ДНК на светски познатите лидери на продажба

Анонимна организација тврди дека земала ДНК примероци од неколку светски лидери и познати личности кои присуствувале на Светскиот економски форум во 2018 година во Давос и се подготвени да ги продадат на аукција.

Групата Ernest Project тврди дека земала предмети и отпадоци што ВИП гостите на големиот собир во Швајцарија ги оставиле зад себе, а на нив се наоѓаат траги од нивниот генетски материјал. На листата се наоѓаат американскиот претседател Доналд Трамп, францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел, финансиерот Џорџ Сорос и популарниот пејач Елтон Џон.

Таканаречената „колекција Давос“, која содржи салфетки, хартиени чаши, гумички за коса и вилушки, е сортирана и проценета. Цената варира од 1.200 долари за човечка коса до 65.000 долари за чаша вино, меѓутоа во каталогот не се наведува кој предмет чии генетски траги носи.

Аукцијата за предметите беше закажана за 20 февруари во Њујорк, но се одложи поради нерешени правни прашања, истакнаа организаторите.

Не може да се потврди дали овие предмети имаат ДНК траги од најголемите политичари и познати ѕвезди и дали со сигурност аукцијата е вистинска или некој вид перформанс за да се привлече внимание на проблемот со чувствителноста на податоците.

Според тврдењата на Ernest Project, главната цел е покренување на свеста за „капитализмот на контрола“ бидејќи технолошките конгломерати можат да ги соберат најосетливите податоци за корисниците. Организацијата е загрижена дека корпорациите можат да ги злоупотребат генетските податоци што откриваат информации за која било човечка болест, потекло или односи и можат да бидат искористени за уцена. Целта на аукцијата е да се поттикне елитата да делува.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Чек дис аут

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Read more

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе