Disney соопшти дека рекордот стар 10 години за најисплатлив филм е конечно урнат.
Филмот „Avengers: Endgame“ стана најисплатлив филм на сите времиња, заработи 2,789 милијарди долари во киносалите низ светот. Со тоа се урна рекордот стар 10 години на „Avatar“ и на Џејмс Камерон.
„Avengers: Endgame“ заработи 853 милиони долари на домашниот пазар, со што стана вториот филм со најголема заработка во Северна Америка, зад „Star Wars: The Force Awakens“ (936 милиони долари).
На интернационално ниво, филмот заработи солидни 1,9 милијарди долари, со одлични резултати на бокс-офисот во Кина (629 милиони долари), Велика Британија (114 милиони), Јужна Кореја (105 милиони), Бразил (85 милиони) и Мексико (77 милиони долари).
Главните улоги во суперхеројскиот филм ги толкуваат Роберт Дауни Џуниор како Ајронмен, Крис Еванс како Капетан Америка, Бри Ларсон како Капетан Марвел, Крис Хемсворт како Тор, Скарлет Јохансон како Црната Вдовица и други.