Иако оваа недела донесе неколку филмски премиери, сепак ниту една од филмовите не беше доволно моќен за да го турне од врвот гигантот на Marvel, „Avengers: Infinity War“.
Откако минатата недела го постави рекордот за најголемо отворање на сите времиња, „Avengers: Infinity War“ продолжи силно да граби напред и заработи дополнителни 112 милиони долари во вториот викенд од прикажувањето.
Три новитети се најдоа помеѓу Топ 10 филмовите со најголема заработка викендов: „Overboard“, „Tully“ и „Bad Samaritan“, но ниту еден од нив не дојде ниту блиску до првото место, бидејќи тие вкупно заработија помалку од 20 милиони долари.
Хоророт „A Quiet Place“ продолжува силно да се одржува при самиот врв на листата, откако овој викенд заработи 7,6 милиони долари. Неговата досегашна заработка изнесува 159 милиони долари, а вреди да се потсети дека овој филм беше направен за само 17 милиони долари.
Листата на филмови со најголема заработка минатиот викенд изгледа вака:
- Avengers: Infinity War – 112 милиони долари
- Overboard – 14,7 милиони
- A Quiet Place – 7,6 милиони
- I Feel Pretty – 4,9 милиони
- Rampage – 4,6 милиони
- Tully – 3,1 милиони
- Black Panther – 3,1 милиони
- Truth or Dare – 1,8 милион
- Super Troopers 2 – 1,8 милион
- Bad Samaritan – 1,7 милион