Авганистанските одбојкарки се кријат од талибанците, една беше убиена минатиот месец

Авганистанската женска одбојкарска репрезентација се крие од талибанците, а една од спортиските беше убиена минатиот месец, изјавија две поранешни членки на тимот за BBC.

Речиси 30 одбојкарки се надеваат дека ќе побегнат од Авганистан, велејќи дека се плашат за нивните животи.

Дел од тимот се движи меѓу провинциите за да избегне откривање од талибанците откако милитантната група ја презеде контролата над Авганистан минатиот месец.

Захра Фајази пристигна во Велика Британија пред околу еден месец откако избега. Таа играше за авганистанската женска одбојкарска репрезентација седум години пред да премине на тренерската позиција.

Захра за BBC изјави дека еднa од репрезентативките е убиена, но во моментов нема повеќе детали за случајот.

„Не сакаме ова да им се случи на другите наши спортистки“, рече таа.

Захра уште е во контакт со нејзините поранешни соиграчки, од кои многу се во движење обидувајќи се да излезат од земјата.

„Нашите одбојкарки кои живееја во провинциите мораа да ги напуштат домовите и да се кријат на различни локации“, рече таа и продолжи:

„Тие дури и ја запалија спортската опрема за да се спасат себеси и своите семејства. Не сакаа да чуваат ништо поврзано со спортот. Се плашеа“.

Таа објасни дека жените кои спортуваат и живеат во провинција постојано добиваат закани од роднини и членови на семејството кои самите се талибанци или талибански следбеници.

„Талибанците побараа од семејствата на нашите спортистки да им забранат на своите ќерки да спортуваат, во спротивно ќе се соочат со насилство од невидени размери.“

Одбојката со децении е еден од најпопуларните спортови во Авганистан.

Првата женска репрезентација беше основана пред околу четири децении, но беше распуштена за време на првото владеење на талибанците од 1996 до 2001 година. Тимот беше повторно формиран откако талибанците беа соборени по американската инвазија.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Останати спортови

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more

Спектакл во Тексас, Вињалес влезе во историјата на кралската класа

Read more

Конор МекГрегор се враќа во октагонот

Read more
 

Спорт

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе

Салцбург се израдува на испаѓањето на Арсенал - му донесе пласман на клупскиот Мундијал

Читај повеќе

Нојер го урна рекордот на Касиљас во Лигата на шампионите

Читај повеќе