Авганистанските воени хеликоптери гаѓале талибанци, усмртиле и раниле деца

Авганистанските воени хеликоптери убиле две деца на возраст од 10 и 12 години и раниле уште најмалку две, додека две други се водат за исчезнати, во бомбардирање на едно село на истокот од провинцијата Газни, соопштија денеска регионални официјални претставници.

Шефот на покраинскиот совет во Газни, Несар Ахмад Факири, изјави денеска дека авганистанските воени хеликоптери сакале да пукаат врз Талибанците во селото и дека по грешка ги погодиле децата.

Тој додаде дека по неуспешниот воздушен напад бунтовниците успеале да избегаат од селото.

Жителите на селото Де-Хаџи изјавија дека пет деца се повредени, а две се водат како исчезнати, па затоа е нејасно зошто се разликуваат бројките за жртвите меѓу владините претставници и очевидците.

Очевидци вчера виделе како хеликоптерите ја ракетираат селската џамија, училиштето и станбени објекти, додавајќи дека двете деца биле убиени во семејната продавница.

Тие додаваат дека татко им ги оставил сами во продавницата додека тој заминал на верска церемонија, додека ранетите момчиња не биле дел од истото семејство.

– Телата на браќата беа изгорени до непрепознатливост, рече очевидецот Абдул-Кајом, додавајќи дека двете исчезнати момчиња најверојатно се под урнатините од бомбардирањето.

Американските медиуми пренесуваат дека во Авганистан сѐ уште има борби и тоа во време кога претставници на авганистанската Влада и Талибанците разговараат во Катар за да се заврши повеќедецениската војна.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе