„Авицена лабораторија“ ги намали цените на тестовите за COVID-19

„Авицена лабораторија“ почнувајќи од 17.6.2021 година, ги намали цените на тестовите за COVID-19 за своите клиенти, и со тоа новите цени се следните:

  • COVID-19 молекуларен PCR-тест за едно лице чини 2.000 денари
  • COVID-19 молекуларен PCR-тест за две лица чини 1.800 денари (цена по лице)
  • COVID-19 молекуларен PCR-тест за 3 или повеќе лица чини 1.600 денари (цена по лице)
  • Ултрабрз COVID-19PCR-тест за едно лице чини 4.500 денари – резултати за само еден час
  • Ултрабрз COVID-19 PCR-тест за две лица чини 4.000 денари (цена по лице) – резултати за само еден час

Резултатите се издаваат истиот ден со бесплатен превод на англиски јазик, а тестовите се работат секој ден во неделата, односно од понеделник до сабота од 7:00 до 19:00 часот и недела од 8:00 до 13:00 часот во лабораторијата во населба Тафталиџе во Скопје, како и во лабораторија во Тетово секој работен ден од 7:00 до 14:00 часот и сабота од 8:00 до 14:00 часот.

Со секој напрaвен молекуларен PCR-тест за COVID-19 почнувајќи од денес 17.6.2021 до 4.7.2021 година, „Авицена лабораторија“ обезбедува и бесплатен тест за одредување неутрализирачки IgG антитела кон SARS-CoV-2 (антитела кон s-spike протеинот). Ова е високосензитивен тест што дава информација за имунолошкиот одговор на организмот по контакт со вирусот, односно по спроведена вакцинација.

„Авицена лабораторија“ е најголемата специјалистичка дијагностичка лабораторија во државата со повеќе од 120 вработени и над 16 години искуство и претставува една од првите лаборатории во државата која поседува меѓународен Сертификат за акредитација за квалитет и компетентност на медицински лаборатории, во согласност со стандардот MKC EN ISO 15189:2013.

Овој сертификат одговара на меѓународните барања и протоколи за патување во различни земји, со што резултатите за ковид-19 издадени од „Авицена лабораторија“ се валидни и ги исполнуваат условите за патување во странство.

За подетални информации посетете ја веб-страницата www.avicenalab.com.mk

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Промо

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more

Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Read more

Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Read more

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Read more
 

Ново

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Читај повеќе

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе