Авицена лабораторија отвора нов посебен простор за тестирање на COVID-19

 „Авицена лабораторија“ стави во функција комплетно нов, посебен простор за земање примероци за тест за COVID-19, со цел подобрување на здравствените услуги и квалитетна грижа за здравјето на граѓаните. 

Овој простор за прием на пациенти и земање примероци за тест за COVID-19 е целосно физички одвоен од постојниот влез на лабораторијата и од постојната чекалница. 

Истовремено, трикратно се зголемува и капацитетот за изработка на тестови за COVID-19 на дневно ниво, бидејќи лабораторијата е во фаза на инсталација на дополнителна високософистицирана опрема за целосна автоматска изработка на Real-time PCR тестови. На овој начин ќе се намали и времето за закажување тестирање и за добивање резултат. 

Сите редовни пациенти ќе се примаат преку ВЛЕЗ 1 – досегашниот постоен влез на лабораторијата. Просторот за прием и чекалницата се реновирани и повторно преуредени за сите клиенти и пациенти, за сите видови лабораториски услуги и во овој дел нема да се врши прием на пациенти за тест за COVID-19. 

Приемот на пациенти за тест за COVID-19 ќе се одвива во новиот одвоен дел преку ВЛЕЗ 2, кој се наоѓа веднаш до влезот на хотелот „ТЦЦ Гранд Плаза“, ориентиран кон бул. „8 Септември“. 

Закажувањето за тест за COVID-19 се врши на тел. 071/278-529 или 078/218-731. 

Како приватна здравствена установа, „Авицена лабораторија“ уште од самиот почеток презема одговорност пред граѓаните и општеството, и активно се вклучи во борбата против оваа пандемија. Тимот на „Авицена лабораторија“ се обврза активно да ги стави на располагање сите ресурси, искуство и знаење, со цел подобро справување со ситуацијата и постојана достапност за потребите на клиентите, во насока на подобрување на здравствените услуги за сите граѓани. 

реклама

Промо

Еден екосистем, многу моменти: Како уредите на преклоп и уредите за носење со вештачка интелигенција се прилагодуваат на реалниот живот

Read more

Fanta е дома: Одличен вкус на портокал веќе 35 години

Read more

„Телеком наградува“ - Секоја недела шанса за нов iPhone 17

Read more

Македонски Телеком испраќа силна порака во новиот видео спот: Никој не се раѓа со предрасуди

Read more

Ново

Случај Свилар: Сака да брани за Белгија, но не може, може да брани за Србија ама не сака

Читај повеќе
  • play_arrow

Шкотската химна среде Скопје ечеше појако од македонската

Читај повеќе

Мајкл Даглас за татко му Кирк: Го доживував тато како Супермен

Читај повеќе

Како да се одржат резултатите од губењето тежина на долг рок

Читај повеќе

Двајца загинаа откако брод потона во Црното Море, Зеленски тврди дека бил погоден од руски дронови

Читај повеќе
  • play_arrow

5 октомври 2007: Последниот концерт на Тоше

Читај повеќе

Паника во Манчестер Сити: Халанд со приватен авион ја напушти Португалија

Читај повеќе

Учениците во ЕУ сè послаби во математика, читање и природни науки

Читај повеќе

Нема веќе вештачка интелигенција: Трамп го забрани терминот AI и формираше Сили за суперинтелигенција

Читај повеќе