Најмалку три лица загинаа откако помал авион се урнал во населба во градот Бело Хоризонте во југозападниот дел на Бразил.
Трагедијата се случила во саботата наутро веднаш по полетувањето на авионот од Карлус Прачис аеродромот крај градот Бело Хоризонте. За среќа, авионот паднал на улица избегнувајќи ги куќите, но уништил три автомобили.
„Пробавме да го изгаснеме пожарот, имаше неколку експлозии па не можевме повеќе да помогнеме“, локалниот жител Карлус Енрики Пашеку Диниз изјави за каналот Globo.
Интересно, во истата населба Кајсара во април годинава имаше уште еден сличен инцидент.