Авион што превезувал 140 патници изгоре на писта
Авион Boing 737 на авиокомпанијата Peruvian Airlines што полета од Лима, се запали при принудно слетување на аеродромот во градот Хауха. Сите 140 патници и членови на екипажот на авионот веднаш се евакуирани.
Поради пожарот кој настанал во авионот, повредени се најмалку 29 лица меѓу кои и едно дете. Canal N информира дека сите настрадани се пренесени во болница и според лекарите повредите не се опасни по живот.
На местото на инцидентот веднаш пристигнале противпожарни екипи. Според податоци на полицијата, причина за инцидентот најверојатно е проблем со шасијата на авионот.