Авион со 228 патници принудно слета во Барселона, 28 се обиделе да побегнат

Авион со 228 патници на пат од Казабланка до Истанбул принудно слетал на аеродромот во Барселона рано утрово, бидејќи една патничка тврдела дека ќе се породи. Ова го искористиле 28 лица за да се обидат да избегаат и илегално да влезат во Шпанија, изјави портпаролот на шпанската влада.

Во 4 часот и 30 минути, авион на Pegasus побарал дозвола за слетување за да ѝ се пружи медицинска помош на жената.

Контролната кула го активирала протоколот за вакви случаи, па на пистата на аеродромот Ел Прат дошле три полициски возила и медицинска екипа.

„По слетувањето, кога се отвори вратата од авионот за да излезе трудницата, група од 28 патници излегоа и се обидоа да избегаат“, изјави портпаролот на претставништвото на шпанската влада во Барселона.

Полицијата веднаш привела 13 од нив, а по останатите започнала потрага. Петмина уапсени биле вратени во авионот на пат за Турција бидејќи тоа го побарале, а екипажот на авионот прифатил. За останатите осум е започната процедурата за враќање во Мароко, од каде што го започнаа патувањето.

Жената, чиј идентитет не е откриен, била пренесена во болницата Сант Жоан де Деу. Откако била прегледана, било утврдено дека не ѝ бил пукнат водењакот како што тврдела, па била отпуштена од болница и веднаш потоа уапсена.

„Таа е уапсена под обвинение за нарушување на јавниот ред и мир, односно дека се преправала дека се пораѓа“, рекол портпаролот и додал дека не ја знае националноста на жената и на останатите уапсени. Полицијата одби да даде информации.

Авионот потоа го продолжил летот за Истанбул. „Не се сеќавам дека некогаш имало вакви случаи во Барселона“, рече портпаролот.

Во ноември 2021 година, околу 20 потенцијални мигранти ја искористија потребата за пружање итна медицинска помош на истата рута од Казабланка до Истанбул. Тогаш авионот слетал на шпанскиот остров Мајорка бидејќи еден патник „глумел дека паднал во дијабетска кома“, објави тогаш шпанската влада.

Во тој момент мигрантите се обиделе да го напуштат аеродромот и на илегален начин да влезат во Шпанија, во што четворицата успеале.

Шпанија, која граничи со Мароко, е една од најизложените земји на влез на мигранти од Африка.

Околу 16.700 лица илегално влегле во Шпанија во првите шест месеци од оваа година, што е за 3,3 отсто повеќе во однос на истиот период во 2021 година, соопшти шпанското МВР.

реклама

Ќерката на Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас порасна во убавица

Read more

Младите Уругвајци го освоија Светското првенство, Италија не шутна на гол

Read more

Тошковски најави награди за вработените во полиција ако помогнат во надминување на кризата со издавање на лични документи

Read more
Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе