Авионските билети поскапуваат ширум Европа

Европските држави разгледуваат воведување нови такси во авиосообраќајот поради загадувањето, со што ќе се зголемат цените на авио-билетите.

Во авиоиндустријата веќе со месеци се расправа за воведување еколошка такса поради критиките дека комерцијалната авијација е одговорна за голем дел од вкупната емисија на штетни гасови.

Според меѓународната организација за цивилна авијација, се работи за 2 отсто од вкупната количина на тие гасови, додека невладината Climate Action Network проценува дека станува збор за 5 отсто.

Шведска веќе воведе такси на керозин од 6 до 38 евра по билет, а во таа држава веќе гласно се зборува за „срамота е да се патува со авион“. Франција веќе ја анализира можноста за укинување на сите домашни летови за кои постои замена за патувања со воз пократки од пет часа.

Белгија и Холандија во почетокот на годината покренаа прашања за загадувањето и се очекува да бидат една од темите на состанокот на Советот на министри за сообраќај на ЕУ во Луксембург.

Според доверлив извештај на ЕК, неодамна објавен во јавност, такса од 330 евра за тон керозин би намалила емисии на штетни гасови за 11 отсто. Во предлог законот пишува дека еден лет од Париз до Марсеј испушта 178 килограми штетни гасови по патник, додека за исто патување со воз – 4,14 килограми по патник.

реклама

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Читај повеќе

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе