Бизнис

Авиоскандал: Boeing ќе ја плати сметката, ние не сме виновни што авионите не летаат

13. март 2019 - 14:24 | А.С.

Моделот на авион Boeing 737 Max 8 што е во фокусот на скандалот што ја тресе глобалната авиоиндустрија, е пуштен во комерцијална употреба од 2017 година.

Неколку авиокомпании привремено престанаа да ги користат овие авиони од својата флота, по двете фатални авионски несреќи со овој модел. Првата несреќа се случи во октомври, 2018 година, а втората се случи вчера, кога авионот на Ethiopian Airlines се сруши само неколку минути по полетувањето и загинаа сите 157 луѓе на летот.

Нискотарифната норвешка авиокомпанијата Norvegian Air Shuttle која приземји 18 од нејзините авиони Boeing 737 Max 8 како реакција на несреќите, најави дека ќе бара финансиска отштета од Boeing.

Компанијата што веќе се наоѓа во тешка финансиска ситуација, откажа 19 летови по одлуката да ги приземји своите авиони Boeing 737 Max 8.

„Ќе им ја пратиме целата сметка на Boeing. Norvegian не треба да биде економски казнет што потполно нови авиони не може да летаат“, изјави Ласе Сандакер-Нилсен, портпаролот на третата најголема нискотарифна европска авиокомпанија, за економскиот портал e24.no.

Авиокомпанијата наведе дека направила реорганизација на своите операции и дека ги префрлила патниците на други летови по одлуката за приземјување на овие авиони. Портпаролот рече дека најдени се решенија за повеќето патници и дека остануваат уште неколку стотини што треба да се решат.

Повеќе земји и авиокомпании ширум светот ги запреа летовите планирани со авионите Boeing 737 Max 8 по двете фатални несреќи.

САД уште го немаат направено тоа и сметаат дека нема причина за приземјување на овие авиони, како што вчера соопшти Федералната агенција за авијација.

Кои авиокомпании го користат спорниот авион Boeing 737 Max 8 може да видите ТУКА.

Коментирај