АВМУ бара информации за фактичката состојба во 1ТВ

Скопје, 22 јули 2019 (МИА) – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги како регулатор има започнато постапка за утврдување дали е прекршена законската одредба која забранува тајно содружништво во телевизијата 1ТВ и за да ја утврди фактичката состојба се обраќа до релевантни државни органи кои би можеле да имаат информација од значење за постапката.

Во тој контекст, посочуваат од АВМУ, е изјавата на директорот на Агенцијата Зоран Трајчевски во емисијата „Код“ кој јасно посочува дека се чека одговор од МВР за да се утврди вистинитоста на добиените сознанија.

-Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го повикува МВР меѓуинституционалната соработка и транспарентноста кон јавноста да не ги етикетира како ширење дезинформации. Агенцијата се обрати до МВР за да ги провери сознанијата дека на лицето Бојан Јовановски му било доделено обезбедување како на сопственик на 1ТВ. Како што ѝ е познато на јавноста, регулаторот има започнато постапка за утврдување дали е прекршена законската одредба која забранува тајно содружништво. За да ја утврди фактичката состојба, Агенцијата се обраќа до релевантни државни органи кои би можеле да имаат информација од значење за постапката, се вели во денешното соопштение од АВМУ.

Во овој контекст, велат од Агенцијата, е и изјавата на директорот на Агенцијата Зоран Трајчевски во емисијата „Код“ којшто јасно посочува дека се чека одговор од МВР за да се утврди вистинитоста на добиените сознанија.

-Најефикасниот начин за борба против дезинформации и лажни вести е проверката на факти. Токму затоа, сѐ додека не ја затвори постапката, Агенцијата ќе продолжи да бара информации од надлежните институции. Што се однесува до информацијата побарана од МВР, се надеваме дека таа ќе ни биде доставена со истата брзина со којашто беше изготвен вчерашниот демант, се додава во соопштението од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Read more

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе